Невреме ја зафати Фрушка Гора, во околината на Шид се урнаа три столба на далноводот, 11 илјади луѓе се без струја
Невреме проследено со град ја зафати Фрушка Гора, а во околината на Шид се урнаа три столба на далноводот, а околу 11.000 потрошувачи останаа без струја.
Како што јави РТС, денес се очекува продолжување на врнежите, кои во некои делови на Србија ќе имаат интензитет од просечната месечна количина на врнежи за овој период, поради што е издадено предупредување за излевање на помалите реки и формирање на поројни потоци.
Упатен е апел до граѓаните да не се движат во близина на поројни потоци во следните 24 часа.
Зголемен водостој се очекува на реките Колубара, Јадро, Лим, Лепеница, Млава и Тимок.
Поради очекуваните врнежи, единиците на Секторот за вонредни состојби се во состојба на готовност, а противпожарните и спасувачките единици и денеска беа во посета на терен и потенцијално критични места.
Временската прогноза за Белград денес предвидува до 60 литри дожд на метар квадратен во одредени делови од градот.
Ново на Сител
-
Советот на Европа со нова критика до Бугарија – Нема свест за правата на малцинствата
-
Владата, синдикатите и работодавачите седнаа на заедничка маса
-
Познати компании го изигрувале Законот за поврат на ДДВ
-
Стручното образование ќе се крои по теркот на потребите на бизнисот
-
До понеделник ќе се знае дали има лекарски пропусти кај починатата родилка во Куманово и бебето на Детска
-
И Македонија и Србија бараат помош од ЕУ за справување со илегалната миграција
-
Ураганот Милтон ја погоди Флорида - 2 жртви и милиони без струја
-
Минчев: Да не се брза со Закон за правична застапеност, потребно е трајно решение