-->
-->
Невреме со силен ветер и пороен дожд ја погоди Москва
-->
Невреме, проследено со силен ветер и поројни дождови, го зафати реонот на рускиот главен град Москва, јави ТАСС.
Руското Министертсво за вонредни состојби соопшти дека силиот ветер на места дувал со брзина од 19 до 24 метри во секунда, при што упати предупредување до граѓаните за можните последици од ваквото невреме.
Градската управа на Москва информира дека во некои делови на градот наврнал дожд чие количество е еднакво на 70 проценти од месечното ниво на вврнежи за овој период од годината.
Соноптичарите предвидуваат дека ваквото време ќе продолжи и во следните денови.
Поради невремето до претпладнево се одложени или целосно откажани речиси 500 летови од трите московски аеродроми - „Домодедово“, „Шерметиево“ и „Внуково“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари
-
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Валенсија
-
Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега
-
Бектеши останува во притвор, одлучи Апелациониот суд
-
ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција за потребата од подготвеност
-
Додека го апселе прилепчанец украл пиштол на полицаец
-
Исчезна 11-годишно дете од СОС Детско село