Невреме во Франција остави 250.000 домаќинства без струја
– Околу 250.000 француски домови денеска останаа без електрична енергија, а сообраќајот на возовите од Нормандија до Париз е запрен по силниот ветер што погоди делови од северна Франција, Холандија и Белгија. Локалните медиуми јавија дека четири лица се повредени во холандскиот град Барендрехт, кој се наоѓа јужно од Ротердам, а силниот ветер рано утрото откорнал покриви и дрвја.
Невремето прво го погоди брегот на Атлантикот во близина на Велика Британија вчера попладне, а потоа во текот на ноќта се движеше кон исток. Француската метеоролошка служба издаде метеоролошки аларм во северозападниот дел на земјата, кој се граничи со Белгија и Луксембург. Ветрови до 175 километри на час го погодија норманскиот град Фекамп, соопшти метеоролошката служба…Железничкиот сообраќај е во прекин во регионите Нормандија и Шампањ-Арден, како и во некои делови од регионот на Париз.
Германската национална метеоролошка служба предупреди дека ветровите ќе бидат со брзина од 105 км/час на север и североисток во државата , а до 120 км/час во планинските области.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
-

Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
-

Антикорупциските закони добри само на хартија
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Преглед на вестите од светот
