Невремето продолжува и утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и слаб до умерен југозападен ветер, особено долж Повардарието. Доцна попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Температурата ќе се движи од 22 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Доцна попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Температурата ќе достигне до 26 степени.
Поизразена нестабилност ќе има во четврток попладне кога на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна и појава на невреме со град.
В петок и в сабота ќе биде топло и ветровито со умерен до засилен југозападен ветер, кој ќе биде најизразен на повисоките места и на планините. Услови за врнежи од дожд ќе има во сабота вечер и во понеделник.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
