Независен адвокат на Судот на ЕУ: Судот не е надлежен за словенечката тужба против Хрватска
Независниот адвокат на Судот на ЕУ, Естонецот Прит Пикамае истакна дека тој суд не е надлежен во спорот кој Словенија го почна против Хрватска, поради наводно прекршување на европското право, предизвикано од неспроведувањето на арбитражната одлука за границата, јави Хина.
Мислењето на независниост адвокат, како ни одлуката на Судот на ЕУ која се очекува на пролет следната година, не се однесуваат на содржината на словенечките приговори, туку само на прашањето дали Судот на ЕУ е надлежен или не за тоа прашање. Инаку, мислењето на независните адвокати не се обврзувачки за Судот. Независниот адвокат не застапува ничии интереси, ниту страни, ни јавност, туку само дава стручно мислење за релевантни правни прашања.
Словенија почна постапка против Хрватска врз основа на Договорот за функционирање на ЕУ и предложи Судот на ЕУ да утврди дека официјален Загреб ги прекршува член 2 и 4 од Договорот, кои се однесуваат на почитување на владеење на правото и лојална соработка меѓу државите-членки на ЕУ. Словенија, исто така, тврди дека Хрватска ја прекршува уредбата за заедничка рибарска политика, шенгенските прописи за движење на лица и директивите во поморското просторно планирање.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата