Независноста на Македонија низ коментарите на Серафимов
Книгата „Светот учеше од нас‘‘ на авторот Борис Серфимов од Кочани ги содржи неговите коментари објавени во македонските медиуми во периодот на градење на независна држава. Авторот на ова книжевно дело во предговорот ќе напише:
- За пошироката и за неполитизираната стручна јавност прогласената наша самостојност не е проблем, напротив е поддржана со непосредно изјаснување како највисок демократски чин. Но, кризите настанаа поради реформите во новиот систем кои го немаат очекуваниот тренд за подобро живеење и работење во самостојна, независна и суверена Република Македонија.

Во издвоените коментари Серафимов ги бележи клучните настани во изминатите три децении независна држава и влијанието кои тие го имале врз општеството. Во книгата се забележани објавите во печатените меидуми кој датираат дури од 1989 година.

- За просперитетна Македонија нема други алтернативи освен заедно да ја водиме битката за нашите национлани, државни интереси и достоинствено како заедничка цел и задача, оти Македонија не е ничија своина, заклучува авторот Серафимов.
Објавата на книгата ,,Светот учеше од нас‘‘ се случува во година кога славиме 30 години од независноста на државата.

Иван Кузмановски
Ново на Сител
-

Евростат објави благ пораст на инфлацијата во еврозоната, ЕЦБ ќе одлучува за повисоки камати
-

Open AI го лансираше „Chatgpt за тинејџери“: Дали сега младите се побезбедни во дигиталниот свет?
-

38 заразени со западнонилска треска
-

Јаневска: Училиштата редовно се дератизираат
-

Огромен пожар го проголтува Мариово, с. Крушевица засега е безбедно, но ситуацијата се менува од минута во минута
-

Нова сензорна просторија за децата со аутизам во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
