„Незнам што да му правам“ - Во шума пронашла изгубено мече и го земала со себе

„Дали е на продажба мечето?“, „Колку пари чини?“, „Само кажете! Имам кафез во дворот за него“... Тоа се само неколку од стотина пораки кои пристигнале за почеток на Фејсбук.
Објава на една жена на Фејсбук наиде на лавина од коментари. Имено, таа во шума пронашла мало меченце кое според нејзините зборови, било во лоша состојба, а мајката ја немало никаде во близина.
„Го земав со себе за да го нахранам и тој е сега добар, но не знам што ќе правам со него. Се плашам да го предадам на ловците бидејќи би можеле да го убијат. Можеби веќе неговата мајка е убиена од нив бидејќи ја немаше во близина кога го најдов“, напишала жената на друштвените мрежи.
Жената барала било каков совет, помош и предлог што да прави со малото мече. Нејзината објава се раширила веднаш, а освен корисни информации таа наишла и на осуда.
Линкот за нејзините прашања и секако одговори од многуте што го погледнате постот можете да го проследите ТУКА.




Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
