Македонија
21. March 2024 - 16:45

Ни се заканува ли биепидемија - и на голема кашлица и на морбили?

Епидемијата на голема кашлица во Скопје сериозно предупредува на новата опасност што доаѓа. Голем број деца ја немаат примено првата доза на МРП која штити од морбили и повеќе од извесно е дека може да се повтори 2019 кога имаше три смртни случаи и околу 2000 заразени. Од Комисијата за заразни болести велат дека постојано ја следат состојбата со пертусис но се загрижени и од можно мигрирање на малите сипаници кои беснеат во Албанија и Србија. Честите патувања но и празниците што претстојат ќе ја донесат заразата и во земјата.

-Пренесувањето на тие случаи во Македонија може да биде сериозен проблем, посебно што вакцинацијата со МРП која штитит и од морбили е многу низок, не само во Скопје туку во цела држава. И не би сакале да бидеме земја од една епидемија, од моноепидемија да имаме биепидемија, односно епидемии и на пертусис и на морбили, вели д- р Злате Мехмедовиќ, порпарол на КЗБ.

Педијатрите во пунктовите за имунизација стравуваат од експанзија и на морбили бидејќи ма многу деца со пропуштени дози.

-Повеќе од половина од децата, тие што доаѓаат за дитепер, им фали мрп. Процентите се многу ниски, посебно дечињата родени во 2022, 2021 година, загрижувачк ниски под националниот просек и има сериозна опасност од нова епидемија на морбили, особено што ја има во соседството, вели д-р Сања Цилевска Младеновска, педијатар во пункт за имунизација Букурешт. 

А стравувајќи од опасноста од морбили, бројот на заразени со голема кашлица секојденвно расте. Денес во главниот град има 10 нови случаи, од едномесечно бебе до повозрасни над 30 години. Во Скопје со пертусис центарот за јавно здравје досега реигстрирал 251 случаи.