Никаде без капа, ракавици и шал: Еве каде е најстудено утринава

Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе биде значително облачно со услови за слаб локален дожд, а на планините со слаб снег.
Во западните делови ќе дува и умерен до засилен ветер од западен правец, а долж Повардарието слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура се движеше од -8 во Берово, -6 во Лазарополе, Прилеп и Битола, -5 во Скопје Петровец, -4 во Тополчани, Дебар и Демир Капија, -3 во Крива Паланка, Крушево, Маврово, Тетово и Струмица, -2 во Штип, Куманово, Скопје на Зајчев Рид и Охрид, -1 во Ѓуриште, Претор и Гевгелија, 0 во Виница и Пожаране до 3 степени во Дојран.
Во текот на ноќта и изутринава е ведро со појава на мала до умерена облачност, особено во источните делови. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневната ќе достигне до 12-тиот степен.
Во Скопје времето е Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура до 8 степени..
За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува сончево време, во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец, а температурите ќе бидат без позначителни промени.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
-

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество
