Балкан
2. јуни 2016 - 16:18

Никој не сакал да ја погребе: Братот (87) шест дена спиел до мртвата сестра (75)!

Починатата жена никој не сакал да ја погребе без пари. На крајот општината Костолац се смилувала и ја погребала Душица без свештеник.
 
- Би сакал да подготвам банани и риба за мојата сестра. Не можам да најдам банани. Да однесам на гробот, завет е, - едвај зборувал старецот кој пиел чаша млеко.
 
Откако таа починала, Драгиќ не јадел. Пред секоја голтка ја споменувал сестра си која починала без свеќа и комеморација.
 
Србија во 21. век, а куќата во која дедото живеел изгледала како хорор филм, а за влез се потребни маска и заштитни ракавици. Екипа на српски „Курир“ го посетила неговиот дом.
 
- Тука лежеше мојата Душица. Сакаше да гледа телевизија. Тука умре, - плачејќи го покажувал креветот на кој останале само дамки.
- Беше страшно. Душица шест дена лежеше мртва. Драгиќ е стар, тепко се движи, а и не зборува за болеста. Душица почина на 26. мај, а Драгиќ сфатил дека таа починала четири дена подоцна, - изјавила една соседка.
 
Како што вели таа веднаш повикале Брза помош и полиција.
 
- Дојдоа и констатираа смрт, а телото остана во куќата. Целата беше црна и потечена. Креветот беше полн со крв. Ја изнесоа во вторникот во јорганот на кој лежела и веднаш ја погребаа, без поп и семејство, - објаснила соговорничката, додавајќи дека починала во сон.
 
Дужица и нејзиниот брат 15 години живееле сами.
 
Во една ста куќа полна со ѓубре, немале вода, ниту бања. Тие имале две сијалици и телевизор, за кој редовно плаќал сметки.
 
- Таа порано работела како чистачка, а Драгиќ чистеше улици. Имаа мали пензии, па можеа да купат само храна. Тој е премногу стар, но сака да прошета до продавница, да поседи со луѓето да позборува, - изјавила соговорничката.
 
Од двајцата стари и немоќни сите се откажале.
 
- Никој не прашува за нив. Душица беше во подобра состојба од брат и, одеше кај роднините да се избања, и даваа храна. Него никој него избањал две години, откако падна и се повреди. Тогаш примаше инфузија две недели, се хранеше прекуцефка и оздраве. лекарите велат дека е здрав, но и нему му треба помош за да преживее, вели соседката Бисерка.
 
- Помогнете ми, не сум јадел, гладен сум. Сега сум сам, а имама и повредена нога. Сакам млеко и благо, колачи - велел дедото додека ја пиел третата чаша млеко...