Николиќ: Постојат проблеми со Загреб и Сараево поради страв од ултранационалисти
Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека односите во регионот се одлични, но оцени дека постојат проблеми со Загреб и Сараево, бидејќи оние кои ги предводат Хрватска и БиХ се плашат од ултранационалисти.
Тој во интервју за РТС истакна дека Србија има два проблема - „еден во Загреб, еден во Сараево, а двата се поврзани за национализам“.
Николиќ објасни дека политичарите создаваат углед меѓу својот народ по пат на национализам, како и дека ќе ги одбранат Хрватите во Хрватска и Бошњаците во БиХ од Србите.
- Тоа создава проблем. Со задоволство би патувале во официјални посети на Хрватска и би ги повикале нивните претставници, но тие се плашат што ќе им кажат ултранационалистите, нагласи српскиот претседател.
Николиќ потсети дека примил во официјална посета на Србија многу претставници и од Хрватска и од БиХ, но никогаш не бил поканет во официјална посета на тие две држави.
Ново на Сител
-
Масовна молитва во Тирана
-
Преглед на вестите од светот
-
Локалното население да се едуцира и да се вклучи во гаснење на пожарите
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рудникот е казнет и обврзан да ги преземен сите мерки од А-интегираната дозвола
-
СДСМ бара инспекторатот да побара одговорност од сите инволвирани во хаваријата од рудникот Тораница
-
Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба
-
Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани