Николиќ: Само Русија навистина се бори со тероризмот во Сирија
Само воената операција на Русија навистина дава отпор на тероризмот во Сирија, изјави денеска српскиот претседател Томислав Николиќ во интервјуто за телевизијата „Раша тудеј“.
- Со целосна почит кон сите меѓународни страни, јас сметам дека руската воена кампања во Сирија е единствена кампања, која се бори против тероризмот, истакна Николиќ.
Како што вели српскиот претседател, дејствијата на Русија во Сирија треба да станат пример за другите земји, бидејќи тероризмот е закана за сите.
- Случувањата во Сирија немаат врска со тоа дали сириската Влада ќе остане на власт. Русија не зема учество во војната на сириската Влада со опозицијата, таа војува против тероризмот заедно со Владата на Сирија, нагласи Николиќ.
Тој потенцира дека светот е на праг на нова Студена војна и затоа сите дејствија на Русија во одбрана или економиката се подложни на критики.
Ново на Сител
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија