Николоски: Да се најде решение за превозниците и да се овозможи слободен проток на стоките

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, на бизнис форумот во Стопанската комора, упати директна порака дека мора да се реши проблемот со превозниците и да се овозможи слободен проток на стоките, без какви било задржувања, чекања и пречки.
Укажа и на нелојалната конкуренција во делот на тендерирањето на инфраструктурните проекти во рамки ЕУ. Посочи дека најголемите зделки ги добиваат компании од Кина и Индија, наместо европски фирми. Николоски смета дека парите на даночните обврзници не треба да се одлеваат надвор, туку треба, како што рече, да циркулираат преку стопанството во рамки на Унијата.
- Мислам дека разговораме за апсурд. Во 21 век, со признати либерализации со земја кандидат за членство во ЕУ која ги почна преговорите, да разговараме дали македонски превозник треба кога ќе се качи во камион да ги брои деновите, часовите и минутите. Ако имаме нелојална конкуренција од една страна, а немаме слободен проток на стока и на добра, тогаш нема поента за било што да разговараме. И обратно, ако ги решиме овие два проблема, тогаш можностите се огромни, напомена Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
