Николоски: ДУИ се враќа на корените

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за најавите на Али Ахмети дека ДУИ станува зелена партија, рече дека во недостиг на проекти и идеи, владејачката коалиција СДСМ-ДУИ се занимава со ПИ-ар алатки, како и дека ДУИ се враќа на корените односно како што истакна тој ДУИ и така стартувала во 2001та година како зелена партија од горите и планините на Македонија.
Неколку работи сакам да кажам. Прво очигледно е дека во недостаток на свежи идеи на владејачката коалиција СДСМ – ДУИ единственото што се занимаваат се ПИ-ар алатки, односно три дена водат во стилот на оние познати кампањи на големи мултинационални компании кога нешто најавуваат, кога сите очекуваат што ќе е тоа, па нели билборди без текст се ставаа во градот само со одредена боја, па после тоа имаше еден збор итн. Видени финти, нема друг збор освен финти. Видени финти кои што не поминуваат кај гласачите, вели Николоски.
Во однос на она што го кажа Али Ахмети сакам да кажам две работи. Прво е дека очигледно ДУИ веќе нема свежи идеи што да понуди на граѓаните, потоната во сопствените проблеми, во криминалот и корупцијата, и второ дека ДУИ си се враќа на корените, имено тие стартуваа некаде во 2001 та година токму како зелена партија од горите и планините на Македонија, така што очигледно се враќаат на корените, изјави Николоски.
Ново на Сител
-

Физички напад со ладно оружје и гасен пиштол: Татко и двајца синови осомничени за насилство во Бутел
-

Иран најави комеморација за ајатолахот Хамнеи 40 дена по неговото убиство
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
