Николоски на средба со претставници на Пан Европската Унија
Денеска 11.05.2018 година, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, оствари средба со претставници на Пан Европската Унија, која е најстара организација, чија цел е обединување на Европа.
Николоски ги афирмираше ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека како партија останува силно посветена на европскиот пат. На средбата беше посочено дека власта освен декларативната европска заложба, во пракса ништо не прави за придвижување на државата кон ЕУ, како и дека без помошта на ВМРО-ДПМНЕ за реформските закони немаше да биде вратена безусловната препорака на ЕК за Република Македонија.
Европските претставници беа запознаени и со политичкиот прогон кој го спроведува власта врз политичките неистомисленици. Николоски посочи дека СЈО и ОЈО се користат како алатка за политички прогон и дека се води политички мотивираната хајка врз повеќе од 200 членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Николоски посочи дека судството е заробено од страна на власта. Додека процесите против Зоран Заев се влечат по неколку месеци без да има рочиште, против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се водат брзи постапки, без аргументи и целосно неосновано.
Заробениот правен систем од страна на власта, резултира и со заробеност на целата држава, посочи Николоски, што се гледа и во очајните резултати во економијата и зголемувањето на немаштијата. Додека во исто време врвот на власта се богати со злоупотреба на државата и државните ресурси.
Николоски кажа дека државата мора итно да се врати на европскиот пат, со реални реформи и со ефикасност на правниот систем. Тој потенцира дека тоа не е возможно со СДСМ на власт, бидејќи за една година покажаа како не треба да се води Република Македонија.
Ново на Сител
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата
-
Вработувања на 300 приватни специјализанти во април – ново ветување на Таравари
-
Камери од домот на Манев ја открија поврзаноста на обвинетите за убиствата на Вања и Панче
-
Возила опремени со паметни камери ќе регистраат сообраќајни прекршоци како дел од „Безбеден град“
-
ДКСК: Член на комисија на АЕК не ги исполнувал условите, но лицето било именувано на функцијата од Собранието