Николоски на средби со министри за транспорт на ЕУ ја презентираше инвестициската програма на Владата
Влегуваме во силен инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната и железничката мрежа во Македонија преку која ќе изградиме квалитетни транспортни мрежи во регионот и ќе придонесеме за побрза интеграција со Европската Унија, порачал денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средби со негови колеги од држави од Западен Балкан и од членки на Европската Унија, како и со претставници од различни институции на Унијата во рамки на дводневниот состанок на министри за транспорт на ЕУ што се оддржува во Унгарија.
Министерството за транспорт соопшти дека Николоски ја потенцирал важноста на поддршка на земјите од Европската Унија за спроведување на овие проекти и како што нагласил, нивната реализација ќе значи економски развој и подобра комуникација за сите земји од регионот.
-Во одвоени средби со министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија Јанош Лазар, со заменик претседателката на Владата и министерка за инфраструктура на Албанија, Белинда Балоку како и претседателот на Заедницата на европски железници Алберто Мацола, информираше дека Македонија ги засилува инвестициите во изградба и модернизација на европските транспортни коридори 8 и 10, поврзувајќи ја оската Исток-Запад, како и брзо поврзување со југ со Атина и на север со земјите од Централна Европа. Тој ги потенцираше силните заложби на македонската Влада за изградба на модерни автопати на западниот дел на коридор 8 кои треба да обезбедат квалитетно регионално поврзување, притоа нагласувајќи дека до крај на оваа година источниот дел од овој коридор ќе биде завршен, информира Министерството за транспорт.
Во однос на железничкото поврзување, се наведува во соопштението, приоритет е изградба на двоколосечна брза пруга на Коридор 10, проект кој ќе даде дополнителна вредност на целокупната економија во регионот. Во однос на пругата на Коридор 8, тој нагласи дека Македонија не се откажува од идејата за квалитетно железничко поврзување со Бугарија.
- Изградбата на брза пруга на Коридор 10 како и квалитетно патно и железничко поврзување со Албанија и Бугарија се проекти кои ќе донесат големи придобивки за сите земји од регионот и ќе овозможат сигурен и брз транспорт на производи и патници. Затоа мора заеднички да настапиме со добри развојни програми и планови и да побараме силна поддршка од нашите партнери од Европа, истакнал министерот Николоски.
Тој информирал дека државава започна и со модернизација на неколку гранични премини како дел од проектот за олеснување на трговијата и транспортот меѓу земјите од Западен Блакан.
-Состанокот на министри на земјите од Европската унија е одлична можност да ги презентираме нашите планови и активности за развој и модернизација на инфраструктурата во Македонија и да дадеме сериозен придонес за регионалниот развој и интеграцијата на цел регион, посочил министерот Николоски.
На средбите, стои во соопштението, тој ја истакнал цврстата заложба на Владата за остварување на зацртаните цели на земјата кои се однесуваат на пристапниот процес за членство во Европската Унија.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата