Николоски: Нема политички договор со Бугарија за случајот Ива Михајлова

Нема договор со Бугарија за да се предаде Ива Михајлова, уверува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој ги отфрла тврдењата на опозицијата дека има политички договор со Бугарија.
Според Николоски, опозицијата има координација со Бугарија и работи со одредени структури од оваа соседна држава.
-Тие мислат дека можат да си ја подобрат позицијата не на начин што ќе го подигнат својот рејтинг, туку на начин што ќе го спуштат рејтингот на ВМРО -ДПМНЕ и очигледно дека работат со одредени структури во Бугарија, изјави Николоски.
Случајот со Михајлова, Николоски го гледа во контекст на претстојните претседателски избори во Бугарија.
-Овде се работи за след на околности, за луѓе кои се искористени и потоа фрлени. Самото тоа што нема соодветна реакција од таму зборува многу. Тие се земја членка на ЕУ и на НАТО и имаат развоен систем на владење на правото и очекувам да ги почитува меѓународните стандарди во делот на владењето на правото и да ја испорачаат Михајлова, нагласи Николоски.
Тој, како и премиерот, вели дека кога-тогаш правдата ќе ги стигне и Михајлова и нејзиниот татко кој е осомничен во случајот „Детонатор“.
-Така што не се работи за борци за човекови права или за луѓе кои имаат идеолошки проблеми со Македонија, туку очигледно за семејство кое што има сериозни законски проблеми со државата, посочи Николоски.
Николоски се надева дека во иднина нема да се повторуваат вакви случаи.
МИА
Ново на Сител
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
-

Ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч пронајдени при претрес во Кавадарци | ФОТО
-

Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
