Николоски: По локалните избори ќе нема предвремени парламентарни, туку расчистување во судството и обвинителството

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека по локалните избори нема да се одржат предвремени парламентарни избори и најавува дека фокусот ќе биде на, како што изјави, расчистување во судството и обвинителството и одговорност од сите што ја злоупотребиле власта од власта т.н црна коалиција на „СДСМ, ДУИ и Левица“.
Предвремени избори ќе нема, имаме стабилна коалициска влада, која функционира одлично, изјави денеска Николоски, при посетата на Гостивар во рамки на кампањата за локалните избори.
Според Николоски, мандатот на владата ќе биде до 2028 година и тогаш ќе бидат и следните парламентарни избори.
- Разликата помеѓу нас и црната коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица е што ние зборуваме за проекти, не можеме да се доискажеме колку проекти имаме, а од другата страна има празни зборови и манипулација и постојана жед и желба за власт. Минатата година отидоа во опозиција, само една година и три месеци се поминати откако се во опзиција и не можат да додржат да останат во опозиција и цело време - предвремени избори, предвремени избори. Кога некој толку многу бара предвремени избори тоа значи дека него го интерасираат само привилегиите од власта, а овие ги интересира и криминалот од власта, рече Николоски.
Нема, дополни, да се занимаваме со предвремени избори, туку со расчистување во судството и обвинителството и сите кои ја злоупотребија власта од т.н црна коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица ќе одговараат по завршување на овие избори. - Тоа е фокус број еден по завршување на изборите, нагласи Николоски.
MИА
Ново на Сител
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
-

Семејните лекари во Македонија се уште со ограничени ингеренции
-

Помала државна партиципација за реновирани студентски домови, нови квоти за стипендии
-

Како да се надмине родовиот јаз помеѓу мажите и жените?
-

Преглед на вестите од светот
