Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8

Покажуваме како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблеми од минатото, да се стават работите на вистинските шини и да се движат, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред потпишување на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8.
Како што истакна Николоски, денешното потпишување претставува продолжување на визијата што ја постави оваа Влада - Македонија да ја искористи својата уникатна позиција како раскрсница на двата коридора, 8 и 10 и на тој начин да го докаже своето место како срце на Балканот.
- Изградбата на коридорот 8 е еден од врвните приоритети на Владата. Ова е исклучително значаен ден зашто по скоро две години работа доаѓаме до реален и остварлив проект, што може да биде реализиран. Успеавме да постигнеме договор со Бугарија за изградба на прекуграничен железнички тунел што треба да ги спои двете држави. Очекуваме на крајот од овој месец да се одржи вториот меѓувладин состанок во Скопје, а пораката е јасна - двете држави испраќаат заедничко писмо до ЕУ, ЕИБ и ЕБОР, за обезбедување грант за изградба на тунелот кои, убеден сум, ќе бидат далеку поголеми од оние грант средства за кои досега се зборуваше. Овој настан покажува како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблеми од минатото и да се стават работите на вистинските шини и да се движат, нагласи Николоски.
Според него, преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ се обезбедени 149 милиони евра грант за изградба на третата делница од железничкиот коридор 8. Се очекува во текот на оваа година да почнат работите на терен.
- Есенва е предвидено да се избере изведувач и веднаш потоа да се почне со работа. Веќе има активен тендер за избор на надзор и се оди во две фази, предквалификација која е во финиш и квалификација, а тендерот за градба ќе биде во една фаза, иформира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
На потпишувањето на договорите во Владата присуствува и премиерот Христијан Мицкоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Бен Нупнау - заменик шеф на Делегацијата на ЕУ, Фатих Туркменоглу – директор на ЕБОР за Македонија, Бјорн Габриел, директор на ЕИБ во Македонија, како и директорот на Железници - Инфраструктура, Синиша Ивановски.
MИА
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
