Николоски: Потребна е промена на локалната власт на 17 октомври
Мислам дека во Центар ќе се случат конечно промените. Имаме една прекрасна личност за кандидат и иден градоначалник на општина Центар, професорката Котлар во својот професионален живот докажала дека може да ги менува работите на еден професионален и стручен пристап и истото ќе го прави во општина Центар.
Како што кажа, решивме во рамки на Коалицијата да ја подржиме затоа што сметаме дека треба едно пошироко граѓанско обединување, обединување кое што вклучува поголем број на политички партии, но исто така и здруженија на граѓани.
Најдобар доказ дека во општина Центар работите не се движат како што треба е ова што го гледате позади нас, а тоа е еден хаос во урбанистичкото планирање каде што згради никнуваат буквално како печурки, а потврда дека тоа е лоша политика е самото тоа што СДСМ реши да не го кандидира актуелниот градоначалник за втор мандат со што признаваат дека не ја работел добро работата, а и замената односно оној кој што сега го предлагаат е апсолутно непозната за јавноста и за луѓето. Така што одат со едно решение кое што не е познато и не може да ја заслужи довербата.
Така што очекуваме после 17ти октомври и во општина Центар и во Град Скопје да се случат промени, заеднички да има соработка помеѓу општината и помеѓу Град Скопје и да се менуваат работите, а тоа да е вовед во рушење на оваа ненародна влада и формирање на една влада на чесни, компетентни и одговорни луѓе.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
-

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци
-

Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село
-

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци
-

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино
-

Кокаин во допинг-тестот на Кирјос
-

Десетгодишно дете прегазено во Градско, возачот избегал
-

Битолчанец возел мопед со 2,23 промили алкохол во крвта
