Николоски: Први чекори кон директна авиолинија од Саудиска Арабија

- Министерството за транспорт започна постапка за склучување спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија, со која што, како што соопшти денеска, ќе се воспостави правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии со таа држава.
Меѓу двете држави досега не се одржувал воздушен сообраќај и се очекува воспоставувањето редовни авиолинии да придонесе за зголемување на економската соработка, туризмот, трговската размена и севкупните билатерални односи.
- Со спогодбата се создаваат либерални и фер услови за работа на авиопревозниците, преку поттикнување на конкуренција, пониски цени за патниците, како и можност за воведување нови и поквалитетни услуги. Истовремено, Спогодбата гарантира највисоко ниво на безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај во согласност со меѓународните стандарди. Македонија и Саудиска Арабија негуваат пријателски односи, со заемна заложба за унапредување на економската и трговска соработка, зголемување на инвестициите како и продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Од Министерството за транспорт потенцираат дека склучувањето вакви спогодби во меѓународни рамки претставува важен инструмент за унапредување на поврзаноста меѓу државите и зајакнување на економската, политичка и институционална соработка.
- Министерството за транспорт во следниот период ќе ги преземе сите неопходни активности за започнување на официјалните процедури за регулирање на воздушниот сообраќај, согласно националните прописи и меѓународните стандарди во областа на цивилното воздухопловство, се вели во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

АХВ: Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла | ФОТО
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
