Николоски: Со нов Правилник ќе го зголемиме квалитетот и кванитетот на велосипедските патеки, за следната година ќе предвидеме и субвенции за нови велосипеди
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со стручните служби од Секторот за урбанизам и патен сообраќај, оствариле работна средба со претставници на граѓанското здружение „Биди Зелен“.
На средбата, како што соопшти Министерството за транспорт, се разговарало за иницијативата на граѓанското здружение во однос на креирање на нови прописи со кои се уредува планирање и проектирање на велосипедска инфраструктура во населено место и надвор од него. На средбата бил потврден фактот од недостаток на инфраструктура за велосипеди како услов за безбеден сообраќај од една страна, но и како еден од главните фактори за намалување на аерозагадувањето.
Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски ја поздравил оваа иницијатива и истакнал дека Министерството е подготвено со заедничка соработка со граѓанските здруженија да се креираат нови нормативи и стандарди како во иднина квалитетно би се планирала и би се реализирала вело-инфраструктурата.
Министерот Николоски ја истакнал подготвеноста на Министерството во следната буџетска година да се предвидат и средства за субвенции за купување на нови велосипеди со цел да се намали користење автомобили и да се влијае врз намалување на аерозагадувањето како мерка за заштита на животната средина.
Николоски испратил и апел до сите општини, во рамките на финансиската поддршка за општините од 250 милиони евра планирана за следната година, општините да аплицираат за проекти за изградба на велосипедски патеки со цел да се подигне квалитетот на вело-инфраструктурата на општинско ниво и да се поттикне користење велосипеди во урбаните средини.
-Во следниот период, стручните служби од Министерството и претставници од граѓанското здружение „Биди Зелен“, заеднички ќе работат на креирање на нови прописи за планирање, проектирање, изградба и одржување на велосипедска мрежа, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини