Николов: Здравствениот систем запаѓа во безредие

Здравствениот систем запаѓа во безредие. Во отсуство на министерот кој користи одмор и тера кампања за градоначалник со министерството управува заменик министерот, Гоце Чакаровски, кому око не му трепнува за новостанатата ситуација и состојбата во која запаѓа здравството.
Нередот во здравството го плаќаат граѓаните со своето здравје.
Додека СДС се грижи како да ги наполни болниците со директори со криминално минато и лица кои имаат судир на интереси, во струмичката болница не работи компјутерскиот томограф.
Повеќе од 100.000 граѓани од Струмица и околните општини се оставени без оваа неопходна дијагностика.
Годишно овој апарат снима повеќе од 12.000 пациенти, кои сега се приморани да патуваат до Штип и до Велес.
Најлошо е тоа што поправката на овој апарат не е ниту на повидок.
Пациентите најмалку уште три месеци нема да можат да ја користат оваа здравствена услуга во струмичката болница.
СДС не се грижи за здравствената опрема оставена во наследство од владата на ВМРО-ДПМНЕ, а уште помалку се грижи како да набави дополнителна опрема и да ја зголеми опременоста во здравствените установи.
Под палката на СДС квалитетот на здравствените услуги рапидно паѓа. Зачестена е смртноста на новороденчињата која министерството сакаше да ја сокрие од јавноста.
Ситуацијата во здравството се влошува, а неодговорната политика на СДС е на пат да го намали квалитетот на здравствени услуги, што на долг рок ќе има изразити последици врз здравјето и животот на луѓето.
Граѓаните и здравствените работници се сведоци на неодговорното работење на СДС во здравството и за истото ќе ги казнат на претстојните локални избори на 15-ти октомври.
Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава
-

Новиот изглед на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи
-

ЦУК: Активни се пет пожари во неколку општини
-

Сончево и топло со температури од 30 до 37 степени
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
