Николовски ги посети лозарите од Сопот

Од минатогодишната реколта, на најголем дел од лозарите им се исплатени само 30 отсто од предаденото грозје, соопшти денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој вчера го посети село Сопот, на покана на жителите.
Како што наведува Николовски, лозарите се пожалиле и дека субвенциите се исплаќаат селективно и нередовно, а некои немаат земено финансиска поддршка и за 2014 година.
- Лозарите рекоа дека поважна им е исплата на откупеното грозје, отколку субвенциите. Се пожалија дека винарските визби иако го немаат исплатено ланското грозје, инспекцијата не излегува на терен и тие визби се толерираат од страна на власта, вели дополнителниот заменик-министер.
Спорд него, новата реколта е почната, а интерес од винариите за потпишување нови договори нема.
- Ќе продолжам да ги бранам вашите интереси. Секој ден. Правдата ќе ги стинге сите што сториле криминал на штета на граѓаните, на земјоделците. Промените носат вистински мерки за решавање на проблемите на земјоделците, вели Николовски.
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ во Охрид
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
-

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина
-

Приведени 23 лица по немирите во Белград
-

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
