-->
-->
Николовски и ја предаде вицепремиерската функција на Грковска
-->
Во Кабинетот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, денеска се изврши примопредавање на функцијата помеѓу досегашниот вицепремиер Љупчо Николовски и сегашната вицепремиерка Славица Грковска.
Николовски и упатил честитки на Грковска за новата функција и ја запознал со досегашните преземени мерки во областа на борбата против корупцијата и криминалот, како и за мерките од подготвениот нов План за борба против корупција 2022.
Славица Грковска доаѓа од позиција главен системски аналитичар во Секторот за информатичка технологија, Оддел за информатика и телекомуникации во Министерството за внатрешни работи, каде што исто така e задолжена и за процесот на дигитализација во Министерството. Исто така, била CAO и HR менаџер во неколку ИТ компании. Учествувала на повеќе обуки и конференции и е поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија.
-Николовски посочи дека во изминатиот период се сработи многу и се поставија системски темели во борбата против корупцијата и криминалот. За прв пат се донесе План за борба против корупција со 18 системски мерки, се донесе нов поприменлив Етички кодекс со кој се опфатија сите именувани функционери, спроведени се 15 обуки за над 180 функционери, вклучувајќи ги министрите, замениците министри, директори, државни секретари за одредбите од Кодексот. Во изминатата година и половина се исполнија препораките од ГРЕКО, се обезбедија нови простории за ДКСК, се обезбедија 49 милиони денари за ДКСК за потребниот регистар на Комисијата за избрани и именувани лица и поврзување со останатите 17 институции од кои треба да ги црпат релевантните информации, информираат од Владата.
Тој потсетил дека се изготви и во функција е новиот Национален регистар на вистински сопственици, за точни и ажурни податоци за вистинските сопственици на фирмите.
-Се подигна нивото на транспарентност и отчетност – сите министерства и органи, но и сите општини и општините во Градот Скопје, ги објавуваат на своите веб страни 22-те категории на документи и информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со кои се зголемува транспарентноста при работењето на институциите. Започнат е процесот за дигитализација на институциите, за елиминирање на човечкиот фактор, за брзи и ефикасни јавни услуги. Владата ги усвои предлог измените и дополнувањата на Законот за личната карта, Законот за матичен број, Законот за државјанство, Законот за личното име, Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија и Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, како дел од клучните закони за дигитализација на институциите, и истите закони веќе се во собраниска постапка, рекол Николовск на примопредавањето на функцијата.
Според него, зголемена е и употребата на Националната платформата за интероперабилност, институциите се приклучуваат и разменуваат податоци.
-Со измени и дополнувања за Законот за јавни претпријатија и јавни установи, се намалува бројот на членови на управни и надзорни одбори, се регулира постапката за избор и висината на надоместокот. Започна со работа системот за Е-инспектор, првите три клучни инспекторати (Пазарен, Трудов и Управен). За оваа година и половина се зголемија буџетските средства за јавните обвинителства во делот на зајакнување на кадровските капацитетите и набавка на информатичка опрема за оперативно работење. Институциите се задолжија и подготвуваат годишни антикорупциски програми согласно делокругот на својата надлежност. Институциите подготвуваат и јавно ги објавуваат интерните процедури за спроведување на постапките за јавни набавки. Институциите назначуваат овластени лица за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување согласно Законот за заштита на укажувачите за постоење на евентуална корупција, посочил Николовски.
Тој потсетил и дека во функција се одлуките за ограничување на трошоците за угостителски услуги за работни состаноци во угостителски објекти и одлуката за регулирање на начинот на користење на службените возила на функционерите.
-Во функција е Е-системот за следење предмети и претставки, за граѓаните и правните лица да пријавуваат проблеми за непостапување по основ на бараните услуги и предмети. Со поддршка од Советот на Европа за прв пат се подготвува Закон за потекло на имот, драфт верзијата е готова, а усвоена е националната Стратегија за јакнење на капацитетите на институциите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот со Акциски план 2021/23 година, рекол Николовски на примопредавањето на функцијата.
Тој посочил дека е подготвен нов План за борба против корупција 2022, со четири столба: дигитализација, независно и ефикасно правосудство, професионализација на институциите и превентивни мерки за борба против корупција. Дел од мерките од новиот План предвидуваат предлог-декларацијата за борба против корупцијата како стратешки приоритет на државата и државните политики и ја достави до Собранието на РМ за истата да ја донесе, воведување на аудио и видео надзор за начинот на преземање на службените овластувања од страна на царинските службеници, за превенција од евентуални коруптивни однесувања од страна на службениците, приклучување на уште 13 инспекторати во системот Е-инспектор.
Во новиот План е предвидено формирање на 4 нови истражни центри во обвинителствата и нивно кадрово и техничко екипирање како и зајакнување на процесите за спроведување на јавните набавки преку ставање во функција на е-пазар за набавки од мала вредност, воспоставување на регистар на цени на стоки и услуги, автоматска прераспределба на членовите на комисиите за јавни набавки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руте: НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море
-
Педесет тони хуманитарна помош од ЕУ и СЗО се очекува да пристигнат во Сирија на 31 декември
-
Поради сообраќајка по една коловозна лента се одвива сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка
-
Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на ниво од пред зголемувањето, вели Мицкоски
-
Тошковски: Македонската полиција повторно ќе биде гордост на секој граѓанин
-
Ристески: Сите маркети да ги додадат основните производи во кошницата до крајот на денот, во спротивно ќе има мерки
-
Во вторник одлука на Владата за средствата за бесплатниот превоз на студентите
-
Притвор од осум дена за двајца осомничени за напад на полициски службеници во Битола