Николовски: Извештајот на Фридм хаус потврдува дека сме на вистинскиот пат
Апсолутно денешниот извештај на Фридм хаус потврдува дека сме на вистинскиот пат. Фридм хаус нотира силен напредок и излегување од институционалната криза во која државата беше пред 2017 година, а пред се ги нотира слободата и демократијата како највисоки вредности според кои сме издвоени во регионот во тој дел на напредокот, рече вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.
Сите препораки во Извештајот, но и забелешки, истакна Николовски, се добредојдени и ќе бидат сериозно разгледани зашто се патоказ по кој треба да продолжиме да чекориме.
-Извештајот потврдува дека сме на вистинскиот пат, дека Македонија се подобрува и излегува од периодот од 2017 година наваму, од ужасната состојба што оваа Влада ја има наследено и бележи постојан раст во делот на слободата и демократијата што е успешна приказна кој му е потребна на Балканот. Во Извештајот експлицитно се наведува дека левичарската Влада предводена од Зоран Заев ја поправа штетата нанесена врз институциите во претходниот период од десничарските популисти пред него. Извештајот целосно алармира генерално за падот на демократијата и лизгањето на многу системи кон авторитарност во регионот, притоа издвојувајќи ја Македонија како успена приказна заедно со неколку земји. Извештајот е според односот на Владата кон институциите, медиумите, граѓанското општество, правосудството, локалното влдаеење и за оваа поставеност земјава бележи раст од 2017 до 2021 година во делот на демократското владеење, нагласи Николовски.
Сите забелешки во делот на правосудството и на различни сектори за кои, дополни, сите сме свесни и на кои сите напорно во овој и во периодот што следи треба напорно да работиме, ќе бидат длабински прегледани.
Ново на Сител
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања
-
Таравари најави дека до петок ќе каже како ќе се решава проблемот со хируршките сали
-
Невреме во Тетовско
-
Вчерашното невреме зад себе остави пустош низ Скопје
-
Приватните автобуси возат низ Скопје
-
Самка Ибраимовски пријавен дека се заканувал на уставни судии, тој негира
-
Мицкоски го почна премиерскиот мандат
-
Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба