Николовски на Годишен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ

- Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, од утре во следните два дена во Јахорина, Босна и Херцеговина, ќе учествува на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа.
Годинава состанокот е во организација на Владата на Босна и Херцеговина, како земја претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите од Југоисточна Европа–SWG.
Како што информираат од МЗШВ, министрите за земјоделство од ЈИЕ и шефовите на делегациите ќе се соберат во Јахорина за да разговараат за иднината во секторите за земјоделство и рурален развој во регионот на ЈИЕ и да го елаборираат процесот на регионална соработка во тие области.
Во рамки на министерскиот состанок во Јахорина, ќе се разговара и за значењето на процесот на интеграција во Европската унија на земјите од Западен Балкан, како фактор на напредокот во земјоделството и руралниот развој.
Министерот Николовски на состанокот ќе ги презентира стратешките цели на Владата во областа на земјоделството и руралниот развој, како и состојбата со искористувањето на финансиските средства од ИПАРД Програмата.
Следната година претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите од Југоисточна Европа ќе биде Македонија.
Ново на Сител
-

ИРГЦ нападна американски воени бази во Блиски Исток
-

Над 14 500 кандидати за полагање на матурата, денеска изборен екстерен испит - странски јазик, математика или историја
-

Прекугранична велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа
-

Во недела средба Макрон, Мерц, Стармер и Зеленски
-

Променливо облачно време со дожд и грмежи, температури до 34 степени
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
