Николовски: На средба со АХВ инициравме ветеринарните инспектори и цариниците да ги усогласат смените за да биде побрз протокот на стоки
Ветеринарните инспектори да ги усогласат своите смени со оние на цариниците, за да се овозможи побрз проток на стоки на границите. Ова го иницирала Царинската управа на првата средба со новото раководство на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
-Една од првите средби кога дојдов како директор на Царинската управа, беше со директорот на АХВ. На наша препорака се иницираше ветеринарните инспектори од АХВ да ги усогласат своите смени со оние на цариниците за да функционираме многу поусогласено, а така на стопанствениците и транспортерите, посебно на оние што вршат увоз и извоз, да им овозможиме многу побрз проток на стоката, рече денеска директорот на Управата, Бобан Николовски, одговорајќи на новинарски прашања.
Тој информира и дека на Царината и е во план да ја интензивира соработката со српската, албанската, косовската, грчката и бугарската царина.
-Ова е прв месец на овој менаџмент, се надевам дека наскоро ќе се случи и ова, рече директорот.
Тој на прес-конференција претходно соопшти дека Царинската управа спречила меѓународен канал на нелегална трговија со анаболични стероиди чие производство, продажба и употреба е строго забрането со закон. Запленети се, рече, 32 кутии со 192 килограма анаболични стероиди со вредност од 5,5 милиони денари, штетни по здравјето на граѓаните, а до сторителите е поднесена кривична пријава.
Ново на Сител
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција