Николовски со нови обвинувања за „јазлеста кожа“

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска повторно ги обвини надлежните институции за, како што наведува во соопштението, задоцнето и непрофесионално справувањето со болеста „јазлеста кожа“.
Николовски апелира, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски секојдневно да ја информира јавноста за состојбата со болеста и што поскоро да почне обесштетувањето на сточарите.
- Додека сточарите во паника ги бројат загубите во млеко и добиток и ги чекаат вакцините за да ги заштитат здравите животни, АХВ дава нејасни изјави, дали вакцините се набавени и кога ќе почне вакцинирањето. Интересот за овие вакцини е голем од земјите во кои е појавена и присутна болеста, но и од други европски земји во кои се уште не е потврдена поради што се прават резервации кај производителот и се чека на ред за испорака, наведува дополнителниот заменик-министер.
Според него, надлежните треба да кажат зошто не реагирале навреме и зошто досега не обезбедиле вакцини. - Одговорност за ваквиот аматеризам мора да има. Штетата е голема и болеста опасно се шири токму поради задоцнетата реакција на надлежните институции, стои во соопштението од Кабинетот на Николовски.
Ново на Сител
-

Со видео надзор ќе се решава проблемот со дивите депонии
-

Мостовите во Штип стари повеќе од пет децении пред реконструкција
-

Преглед на вестите од светот
-

Системски пропусти за загадената вода во Струга
-

Тема на денот со Андреј Лепавцов, претседател на Паневропска Унија во Македонија
-

Карневалски денови во Струмица
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
