Николовски: Заев му овозможи на Мијалков да побегне

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски денеска прес-конференција изјави дека Владата има 24 часа да го обезбеди Сашо Мијалков, поранешен функционер и член на оваа партија. Обвини дека премиерот Зоран Заев му овозможил да избега на Мијалков како награда за, како што кажа, уништување и разнебитување на Македонија.
-Оливер Спасовски молчи, Радмила Шекеринска ја нема никаде, а Зоран Заев жали и ја префрла вината. Имаат 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата. 24 часа, Зоран Заев, Оливер Спасовски и останатите од Владата да го обезбедат бегалецот од правдата. За тоа што се што зборувавме изминатите години, а и што го зборуваме денес се потврдува, а тоа е дека со Македонија владее криминална коалиција, која што ги руши основните вредности, која што го руши системот на владеење на правото, која што го уништува нормалното живеење во Македонија, која што влијае врз бизнисите и истите ги рекетира или ги презема. Со Македонија владее крими – коалиција. И за тоа очекуваме во следните 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата, рече Николовски.
Потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ја обзнанила, како што кажа, криминалната коалиција на 22 октомври 2018 година и оти ја сочинуваат премиерот Зоран Заев, неговиот брат Вице Заев и Сашо Мијалков. Според него, владеењето на оваа коалиција во текот на изминатиот викенд ја добило својата кулминација.
-Како што знае целокупната јавност на 22 октомври 2018-та година кога го исклучивме Сашо Мијалков од членство во ВМРО-ДПМНЕ, јавно обзнанивме дека постои криминална коалиција Зоран Заев, Вице Заев, Сашо Мијалков која што не само во овие три години туку 15-тина години наназад работи на уништување и разнебитување на Македонија. Наградата за тоа уништување и разнебитување на Македонија од Зоран Заев стигна овој викенд на начин што се овозможи да се избега од правдата. И во овој момент имаме бегалец од правдата, рече Николовски.
Ново на Сител
-

Приведен 68-годишник кој три години силувал, снимал и се заканувал на малолетник
-

Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка - Кривична пријава за три лица
-

Муцунски за уставните измени и спорот со Бугарија: Кардиналните грешки на нашите претходници не може да се решат преку ноќ, планирам средба со мојот бугарски колега
-

Три години силувал и злоупотребувал дете за креирање на порнографски содржини - Обвинителството побара притвор
-

Биљана Ангелова реизбрана за ректорка на УКИМ
-

Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците
-

Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток
-

Виктор Орбан предлага да се повлече од раководството на партијата ФИДЕС, одлуката ќе биде донесена во јуни
