Никотинските ќесички и понатаму главен тренд кај младите, а за ризиците по здравјето малку се знае
Овие пакувања во себе ги содржат популарните „снус“, или никотински ќесички. Првично пуштени во продажба како производ за одвикнување од пушење и замена за никотинска доза, никотинските ќесички се најпопуларни кај тинејџерите како модерна алтернатива на цигарите. Она што претставува опасност е што некои од ќесичките содржат и до 16 пати никотин отколку што има во една цигара.
Се продаваат во пакувања како за бонбони, изгледаат шарено и модерно, и иако на декларацијата пишува дека не се за малолетници, во земјава многу лесно до нив доаѓаат и деца. По пишувањата во јавноста покрај потенцијалната штета од несоодветната употреба, се појавија и други проблематични аспекти – на пример, дека таков производ не препознава нашата законска регулатива и дека поради тоа и не можел легално да се најде на пазарот. Во бројните преписки и префрлања на одговорноста на надлежните, околу начинот на увоз и дистрибуција на пазарот, денеска никотинските ќесички и понатаму се во слободна продажба.
Прашања околу начинот на увоз и контрола врз пуштањето во продажба на овие никотински ќесички поставивме и до државниот земјоделски инспекторат од каде првично овие проиводи биле класифицирани како тутунски, но потоа дозволата за увоз била повлечена. Сега, скоро година дена подоцна по појавата на никотинските ќесички на пазарот, од ДИЗ велат:
Од докторската фела велат дека ги воочиле овие нови производи и во нивната работа, а недоволната информираност на јавноста за начинот и потенцијалната штета од несоодветната употреба е главен причинител што во изминатиот период веќе бележат случаи на никотинско труење.
Доктор Беќаровски додава дека важно е да се координираат институциите со цел регулација на начинот на употреба и продажба на овие производи, особено што прекумерната употреба од страна на малолетни лица може да предизвика и сериозни здравствени проблем. Додава дека мора да се регулира продажбата како средство за одвикнување од зависност, и како такво би требало да се продава во аптектите со цел да се намали злоупотребата на овој производ.
Психолозите, пак, сметаат дека децата се лесен таргет, особено кога им се промовираат вакви производи од страна на јавни лица на кои тие се угледуваат. Психологот Гордана Блажевска Спиродонова смета дека со тинејџерите мора активно да се работи за да се едуцираат од штетноста не само на никотинските ќесички, туку и психотропните супстанци. Според неа, младите мора да имаат школски активности кои ќе ја поттикнат нивната креатива и ќе го насочат нивниот динамичен дух кон продуктивност, наместо приклонување кон штетни навики.
Според Блажевска-Спиридонова постојаното едуцирање на младите за штетноста мора да биде како контра тежа, наспроти лесната достапност на различните психотропни сусптанци кои се промовираат како тренд помеѓу младите луѓе.
Никола Станков
Ново на Сител
-
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација
-
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје
-
Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива
-
Кос-Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан
-
Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори
-
По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало