Нивото на Охридско Езеро под дозволениот минимум, намалени и водостоите на реките

Нивото на Охридското Еезеро од утрово е пет сантиметри под дозволениот минимум, а водостојот на реката Црн Дрим кај Ложани од вчера е намален за 55 сантиметри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според УХМР, со намалувањето на испустот на водата од Охридското Езеро кај Струга се очекува во наредниот период нивото на Езерото да стагнира па постепено да расте.
Дозволениот минимум на Охридското Езеро е на котата 693,10 метри, а утрово беше 693,05 метри.
Водостоите на реката Вардар во седум часот утрово биле, 90 сантиметри кај Јегуновце, 44 кај Скопје, 75 кај Велес и 1,1 метар кај Демир Капија што, наведува УХМР, е подпросечна вредност за јануари. Иста е состојбата и на Треска, Пчиња, Крива Река, Брегалница, Струмица, Црна Река и Сатеска.
Ново на Сител
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
