Нивото на штетни гасови како во времето на исчезнувањето на диносаурусите
Испуштање на јаглерод и други штетни гасови приближно е со ист интензитет како пред 66 милиони години, во времето на диносаурусите. Експертите предупредуваат на штетата од глобалното затоплување и потсетуваат дека и човекот е одговорен за се што ќе се случува.
Научниците во новото истражување истакнаа дека темпто на испуштање на јаглерод дури го засенува најголемиот познат природен бран во фосилните записи од пред 66 милиони години кои можеби покренало ослободување на заробените гасови под морското дно.
Праисторисккото ослободување на тие гасови со ефект на стаклена градина предизвика раст на температурата од пет степени Целзиусови, а поради создавањето киселини во океаните, морскиот живот бил сериозно загрозен.
Очигледна е паралелата со сегашните ризици од порастот на нивото на јаглерод во атмосферата од согорувањето на фосилните горива.
- Со оглед на моментално достапната евиденција, сегашните стапки на емисии на јаглерод предизвикани од човековите активности со без преседан во последните 66 милиони години, наведуваат научниците во списанието Nature Geoscience.
Диносаурусите изумреле пред околу 66 милиони години најверојатно по ударот на огромен астероид во Земјата, но главниот автор на истражувањето, Ричард Зиб од Универзитетот на Хаваите, истакна дека геолошките записи се нејасни и дека не е познато колку точно јаглерод e емитираn во таа катаклизма.
Моменталната емисија на јаглерод, главно од согорување на фосилните горива изнесува околу десет милиони тони годишно во однос на 1,1 милијарди годишно во периоот од повеќе од четири илјади години, пред 56 милиони години.
Истражувањето во рамки на проектот на Обединетите нации прикажува дека просечната температура би можела да порасне и до 4,8 степени Целзиусови до крајот на векот, предизвикувајќи поплави, суши и силно невреме доколку емисиите почнат неконтролирано да растат.
- Нашите резултати сугерираат дека идната киселост на океанот и можниот ефект на морските организми ќе бидат полошо отколkу во ерата на диносауруси, предупреди Зиб.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори