Низ Македонија досега 145.834 мигранти, само вчера 2.555
Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 2.555 странски државјани. Од нив 1.444 се од машки пол, 394 се од женски, 638 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 79 деца кои патуваат без родител, соопшти денеска МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 1.356, на Авганистан 791, на Ирак 271, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19 јуни годинава до денеска издадени се потврди на вкупно 145.834 странски државјани, од кои 94.279 се од машки пол, 19.832 се од женски, 26.002 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 5.721 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 101.259, потоа Авганистан 23.557, Ирак 10.457, Пакистан 3.565, Иран 1.482, Палестина 1.451, Сомалија 794, Бангладеж 791, Конго 436, Нигерија 241, Камерун 207, Еритреја 201, додека останатите се во помал број.
Изминатото деноноќие до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 15.10.2015 година евидентирани се 2 баратели на азил - мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил ( малолетно лице без придружба на старател, малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата