Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
На патарините во државава лани е регистрирана фреквенција на 62.662.988 возила, а наплатата изнесува 99,2 проценти.
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) денеска соопшти дека 2024 година ја заокружи со остварен приход од над 66.5 милиони евра по основ на наплата на патарини.
Во споредба со 2023 година тоа се 270 милиони денари или над 4.32 милиони евра повеќе.
- За намалување на бројот на т.н неплаќачи, ЈПДП во периодот од август до декември 2024 година организираше 23 акциски контроли заедно со Државниот инспекторат за транспорт и со асистенција од МВР, со што може да се констатира дека имавме повеќе од успешна година, велат од ЈПДП.
Учеството на електронската наплата се движи околу 33 проценти. Од отпочнување на електронската наплата на 3-ти јули 2019 до 20-ти декември 2024 година, продадени се вкупно 242.080 електронски уреди од кои, 203.828 М-смарт картички и 38.252 М-таг уреди. За тој период направени се вкупно и 1.842.224 поединечни надополнувања на електронските уреди на различни суми, а вкупната сума за надополнувања досега изнесува 3.509.815.300 денари.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект