Свет
17. May 2016 - 9:50

„Њујорк тајмс“: Хилари Клинтон подготвува евентуална нова „улога“ за својот сопруг

Хилари Клинтон започнува да подготвува позиција за својот сопруг Бил Клинтон во евентуална нејзина влада, која ќе биде насочена кон економски раст и отворање работни места, пишува американскиот весник „Њујорк тајмс“.

Клинтон, која се бори да ја освои кандидатурата на демократите за претседателските избори во САД оваа година, изјави пред приврзаниците во Кентаки дека нејзиниот сопруг може „да биде одговорен за заживување на економијата, бидејќи „знае како тоа да го направи“.

Претходно, за време на својата кампања, таа истакна дека Бил Клинтон е подготвен „да ја прекине пензијата и да биде одговорен за отворање на работни места“.

Запрашана дали тој ќе заземе некоја владина функција, таа одговори негативно.

Веста за евентуалната улога на Бил Клинтон во кабинетот на неговата сопруга доаѓа во момент кога Хилари се подготвува за изборна трка со републиканскиот кандидат Доналд Трамп и ги зајакнува напорите за добивање поддршка на гласачите-белци од работничката класа. Овие гласачи во целина имаат позитивно мислење за Бил Клинтон, но се скептични кон неговата сопруга.