Москва размислува за размена на украински заробеници за Виктор Медвешчук, пријател на Путин
Русија ќе ја проучи можноста за размена на заробените војници на украинскиот баталјон „Азов“ за Виктор Медведчук, пријателот на Владимир Путин, изјави рускиот пратеник и преговарач Леонид Слуцки.
-Ќе го проучиме тоа прашање, рече Слуцки, член на руската делегација на последните преговори со Киев, одговарајќи на прашање за таква размена, пренесоа руските медиуми,
Во изјавата што ја даде во Доњецк, сепаратистичкиот град на југоистокот од Украина, тој додаде дека за таквата можност во Москва ќе разговараат „оние кои се овластени за тоа“.
Виктор Медведчук (67) е политичар и богат украински бизнисмен познат како личност блиска до рускиот претседател. Во средината на април, Медведчук беше заробен во Украина откако побегна од офанзивата на Кремљ кон крајот на февруари.
Медведчук е во домашен притвор од мај 2021 година, откако беше обвинет за „велепредавство“ и „обид за ограбување на природните ресурси на Крим“, украинскиот полуостров што Русија го анектираше во 2014 година.
Во петокот руската армија објави дека се предале и последните украински бранители на стратешки важниот Мариупол, кои со недели даваа отпор од огромната фабрика за челик „Азовстал“.
Меѓу нив има и членови на баталјонот Азов, единица која Кремљ ја смета за „неонацистичка“ и која Киев сака да ја врати во замена за руски затвореници.
На 26 мај, рускиот Врховен суд треба да го разгледа барањето за прогласување на баталјонот „Азов“ за „терористичка организација“, што би можело да ја отежне размената на затвореници.
Ново на Сител
-

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
-

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
