ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот ќе ја продлабочи економската криза до степен на катастрофа
Неспособната власт на СДСМ и ДУИ која креираше расипнички буџет за 2022 година, ништо не може да подобри со ребалансот на буџетот. Напротив дополнително ќе ја продлабочи економската криза до степен на катастрофа.
Кратењата на средства за капитални инвестиции се еден од показателите дека и со овој ребаланс буџетот нема да има никаква развојна компомента.
Очигледно дека остануваат нечепнати уште стотици милиони евра непродуктивни трошења, на сметка на кратењата на капиталните инвестиции, изградби на патишта, болници, и други проекти кои се двигател во секоја економија.
Заради лошите досегашни економски политики оваа власт на СДСМ и ДУИ ја доведе Македонија да биде задолжена над 7 милијарди евра со тендеција тој долг уште да расте, да биде земја со најнизок раст на БДП во регионот, да биде меѓу земјите со највисока стапка на инфлација, да биде земја со 35% од граѓаните во ризик од сиромаштија, да биде земја со најмалку странски инвестиции, да биде една од најсиромашните во Европа итн.
Ова за жал ќе се влошува и после ребалансот. Со оваа некадарна и непособна, но и криминогена и корумпирана власт секој ден е зијан за граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Охрид ќе добие Младински Културен Центар
-

Општина Струмица набавува пет нови возила за модернизација на ЈПКД Комуналец
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Марија Митева, портпаролка на Владата
-

И другите општини ќе учат од Прилеп како да селектираат отпад, Прилеп останува лидер во Македонија
-

Миризбата која ги вознемири скопјани доаѓа од пожарот во Ѓорче Петров, сите сили фокусирани на ова жариште
-

Четири нови сомнителни случаи со западно-нилска треска, меѓу нив има и дете
-

Не влечениот, туку лицето што влече е починатиот струмичанец - претходела тепачка
