-->
-->
Нојер повторно се повреди
-->
Голманот на германската репрезентација и на Баерн Минхен, Мануел Нојер повторно ќе мора да оди на операција, јавија германските медиуми.
Вистински шок беше за Карло Анчелоти и неговите соработници кога дознаа дека нивниот прв голман Нојер го чека долга пауза. Тој ја повреди левата нога на вчерашниот тренинг, по што веднаш замина на прегледи. Снимките покажале дека се работи за посериозна повреда, која
ќе го натера да прави пауза.
Ова е втора повреда на Нојер, по онаа во четвртфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Заздравувањето од повредата одеше одлично, па тој реши да се врати во тимот во второто коло од Бундес лигата.
Останува да се види колку долго овојпат Нојер ќе биде надвор од фудбалските терени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од 6 до 18 часот утре посебен сообраќаен режим во Битола
-
Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид
-
Муцунски на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН
-
Пожар во фурна во неготинско Криволак
-
Приведени двајца крадци во Гостивар
-
Светските лидери пристигнуваат на идниот самит во рамките на Генералното собрание на ОН
-
Николовски: Цариниците ќе добијат 60 боди камери од САД
-
Пронајдена дрога при претрес во дом на 40 годишен жител на Штип