Македонија
29. July 2015 - 14:52

Ноќно бележење на улиците во Скопје

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ја продолжија акцијата за обележување на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари во Скопје во ноќните часови, кога е намалена фрекфенцијата на возилата.

- Во тек на изминативе денови рачно се бележеа сите пешачки премини на Јужниот булевар и на булеварот „Мајка Тереза“, пешачките премини со ознаките „школо“ на улиците „Тодор Александров“ и „Ацо Караманов“, како и пешачките премини на булеварот Гоце Делчев, под скопското Кале. Машински беше обележан булеварот „Никола Карев“, на потегот од клучката „Детелинка“ кај Бит-пазар до објектот на Американската амбасада, соопшти денеска канцеларијата за информирање на Град Скопје. 

Паралелно со обележувањето на хоризонталната сигнализација на градските улици, се вели во соопштението, деновиве се обновуваше и вертикалната сигнализација. Дел од оштетените сообраќајни знаци на градските улици беа поправени, а каде што имаше потреба без поставени нови сообраќајни знаци.