Фудбал
17. August 2017 - 19:04

Номинации за најдобар тренер на ФИФА

Светската фудбалска федерација ФИФА ги објави имињата на 12-те кандидати за наградата „ Д Бест“ која му се доделува на најдобриот тренер од претходната година. 

На листата го нема минатогодишниот добитник Клаудио Раниери, сега поранешнот тренер на Лестер и моментно на Нант а кандидати се Масимилијано Алегри (Јувентус), Карло Анчелоти (Баерн), Антонио Конте (Челзи), Луис Енрике (Барселона), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) како и Јоаким ЛЕв, Леонардо Жардим, Жозе Мурињо, Диего Симеоне, Маурисио Покетино, Тите и Зинедин Зидан. Наградата ќе биде доделена на традиционалната ФИФА гала вечер во Цирих.