Номиниран јавен обвинител за следење на предметите за кривични дела од омраза и дискриминација
Емилија Мизо Димков е номинирана за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје за следење на предметите за кривични дела од омраза и дискриминација.
Од Јавното обвинителство денеска информираа дека одлуката за номинација е донесена врз основа на заклучоците од средбата одржана на 20 мај годинава со претставници од невладиниот сектор.
- Номинирањето на јавната обвинителка Емилија Мизо Димков е на првична иницијатива од КВИР Центар Скопје – Здружението за сексуални и родови малцинства во Република Северна Македонија, кое најави дека во следниот период ќе иницира формирање и на мрежа од невладини организации за потесна соработка меѓу граѓанскиот сектор и Јавното обвинителство во постапувањето по предметите за кривични дела од омраза и дискриминација, за што е најавена поддршка и од Советот на Европа, велат од ЈО.
Номинираната јавна обвинителка ќе има надлежност да го следи постапувањето во предметите и да остварува контакт со пријавителите и со невладините организации кои ги претставуваат интересите на лицата кои се јавуваат во својство на оштетени во ваквите предмети.
Ново на Сител
-

Брод со мигранти потона кај Грција, 25 лица се водат како исчезнати
-

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
-

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела
-

Мицкоски во посета на Граничниот премин Табановце
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Сончево со мала до умерена облачност и ветер
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
