Македонија
26. May 2016 - 12:51

Нормализиран сообраќајот на патот Гевгелија-Смрдлива Вода

Сообраќајот на регионалниот пат Р-1108 Гевгелија-Смрдлива Вода ски-центар Кожуф е нормализиран, информира ЈП Македонија пат.

На оваа делница во изминатите неколку дена беше однесена една коловозна лента во должина од 15 до 20 метри поради стеснување на коритото на Коњска Река за изградба на хидроцентрала и надојдени големи количества вода.