Норвешка забранува влез во државата за руски туристи
Забраната за влез на руски туристи во Норвешка стапува денеска на сила по налог на владата на земјата, која го најави овој потег минатата недела.
Транзитните патувања низ Норвешка до други европски земји, вклучително и Финска, исто така сега се оневозможени.
Како што претходно прецизираше норвешката влада, новите правила нема да важат за Русите кои патуваат во Норвешка за да ги посетат блиските роднини, за имателите на потврди дека се жители на граничната област, студентските и работните визи, како и дозволите за престој во земјите на Шенген зоната.
Норвешките погранични службеници ќе имаат право да им одбијат влез во земјата на Руси со повеќегодишни туристички визи претходно издадени од самата Норвешка или од други земји од Шенген.
Норвешка не издава туристички визи за Русите од 2022 година.
Ново на Сител
-
АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија
-
Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово