Свет
18. November 2015 - 8:43

Носачот на авиони „Хари Труман“ ќе биде во Медитеранот за помош во борбата со ИД

Американскиот носач на авиони Хари Труман ќе пристигне во Средоземното Море за да помогне на меѓународната антитерористичка коалиција во борбата против Исламска држава, објави Дифенс Њуз.

Според извори, весникот тврди дека бродот може да се приклучи кон францускиот носач на авиони Шарл де Гол во источниот дел од Медитеранот за акции на авиони врз позиции на ИД во Сирија.

Таа одлука на американската Команда е поврзана со засилување на воената операција против ИД по терористичките напади во Париз од минатата недела, наведува Дифенс Њуз.