Нов бојкот на маркетите поради високите цени
Нов бојкот на маркетите. Граѓаните и овој петок ќе се воздржат од пазарење во големите ланци поради високите цени. Незадоволни од секојдневното поскапување на основните прехранбени производи, пораката до трговските субјекти е да престанат да профитираат на грбот на граѓаните.
Сепак, дел од граѓаните не веруваат дека непазарањето еден ден ќе вроди со плод. Бараат институционални и системски мерки
По примерот на Хрватска, минатиот петок се одржа првиот бојкот. Прометот во 8те наголеми маркети се намали за близу 50 отсто. Бројките за денеска, УЈП ќе ги соопшти утре.
Во меѓувреме, се чека Државниот пазарен инспекторат да ги заврши 6 месечните контроли во кои се вклучени производителите, дистрибутерите и трговците. Потоа владата ќе соопшти какви мерки ќе преземе за да се спречи растот на цените.
Речиси празни маркети и денеска има во Хрватска, а од утре ќе започне еднонеделниот бојкот на еден маркет. Проценките на организаторите се дека откако започна бојкотот, граѓаните го купуваат само неопходното, што за две ендели им донесе загуба од близу 80 милиони евра.
Инаку иницијативата за бојкот зема се поголем замав. Во Косово граѓаните ќе бојкотираат на 10 ти февруари, во Бугарија на 13 ти, а во Грција на 19 ти . Организаторите повикуваат тој ден да не се потроши ниту евро.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар