Нов бран мигранти јужно од грчките острови Крит и Гавдос

Во четири одвоени случаи со четири чамци јужно од грчките острови Крит и Гавдос, утрово биле откриени и спасени вкупно 143 бегалци и мигранти и сите биле безбедно префрлени на пристаништата, јави дописничката на МИА од Атина.
Во морскиот дел југоисточно од местото Кали Лимени на Крит, воздушно средство на силите на Фронтекс открило два чамци со 41 и 42 лица и со помош на брод што пловел во близина и спасувачки брод на грчката крајбрежна служба биле пренесени на пристаништата на Крит.
Другите два случаи, со 25 и 35 лица се во морскиот дел јужно од малиот остров Гавдос.
Во изминатиот период зголемени се мигрантските бранови по т.н јужна рута, односно мигрантите тргнуваат од Либија кон Европа, а во четвртокот беа спасени 600 лица, кога министерот за миграција и азил на Грција Танос Плеврис порача дека ако продолжи ваквата ситуација, ќе преземат многу строги мерки за кои веќе разговарале со премиерот, „многу построги од едноставното суспендирање на азилот што беше направено во минатото“, додавајќи дека нема да дозволат да се случи она што се случи во 2015-2016 година.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
