Нов дневен рекорд на заразени, активни 15957, хоспитализирани над 1000
Нов дневен рекорд од 1321 заразени со Ковид1 9 беа регистрирани вчера во земјава. Активни се 15975, а хоспитализирани1049. Во претходното деноноќие направени се и рекордни 3836 тестирања, а процентот на потврдени случаи е 34,4.
Речиси половина од активните слулаи се во Скопје 7410. Од скопските општини, најмногу има во Аеродром со 1161, Гази Баба 1007 и Карпош 987, а најмалку се во Арачиново 20 .
Извештајот на Институтот за јавно здравје, што се однесува на периодот од 2 до 8 ноември, покажува зголемување од 25,5 отсто на бројот на нови позитивни случаи.
Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 37 отсто. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група над 60 години, додека најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.758 (51,6 отсто) лица од машки и 3.522 (48,4 отсто) од женски пол.
Евидентирани се 127 смртни случаи, што е зголемување од 41,1 отсто во однос на претходната недела.
Во болниците во моментов се лекуваат над 1000 лица потврдени или сомнителни на Ковид-19.
На Инфективната клиника има 155 пациенти, од кои 134 се на кислородна поддршка. Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца и 27 возрасни пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ се 79 пациенти, а седум се на респиратор. Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на Клиниката за неврологија 21 пациент, на Кожната клиника 23 пациенти.
Во болницата во Битола, пак, се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Во меѓувреме се подобруваат сместувачките капацитети во болниците во Струмица, Гевгелија, Дебар, Ресен и Прилеп. Во Велес освен на Инфективно одделение кое е засебна зграда, од изминатиот викенд пациенти се примаат и на Одделението за физикална медицина.
Во рамки на справувањето со епидемијата Владата на Република Македонија усвои Информација за склучување договор со Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини против Ковид-19 преку Ковакс механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини.
Бројот на заразени од корона вирусот во светот надмина 52 милиони, излекувани се 36,6 милиони, активни се 14,4, а битката со Ковид 19 ја изгубија речиси 1,3 милиони луѓе.
Ново на Сител
-
Кривична против 59-годишен професор од Кочани, нападнал ученик со метален предмет
-
Уапсен 28-годишник од светиниколско, се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка
-
Измамена 79-годишна жена од Скопје за златен накит и сума од 216.949 денари
-
Кривична за 28-годишен Стружанец, со посебен уред ги намалувал потрошените киловати струја во угостителски објект
-
Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака
-
Раководството на Милан разочарано од Ернандез
-
Астон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за Верстапен
-
Сингер: Беше потребно време да се убеди Синер да ја прифати суспензијата од ВАДА