-->
-->
Нов државен рекорд на Ангеловски
-->

Македонскиот пливач Љупчо Ангеловски постави нов македонски рекорд во дисциплината 50 метри слободно со време 24,13 на меѓународниот пливачки митинг “Стар” кој се одржа во Крањ, Словенија.
Ангеловски го подобри долгогодишниот рекорд на пливачот Мартин Стефановски за 20 стотинки (24,33 ) освои бронзен медал, успеа да се избори за финале во дисциплините 50 метри делфин, 50 метри слободно и 100 метри слободно.
Давор Петровски освои трето место во дисциплината 400 метри слободно, второ место во дисциплината 200 метри делфин и трето место во дисциплината 200 метри мешано, а успеа да се избори за финале во дисциплините 200 метри делфин, 100 метри делфин и 200 метри мешано.
Мартин Тодоровски успеа да се избори за финале во дисциплината 200 метри слободно.
Андреј Стојановски прво место водисциплините 50 метри градно, 200 метри градно и 200 метри мешано и второ место во дисциплината 100 метри градно.
Стефан Цветкоски трето место во дисциплините 50 метри грбно и 50 метри делфин.
Јана Ангеловска трето место во дисциплините 50 метри слободно и 100 метри слободно и прво место во дисциплината 50 метри делфин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски и се заблагодари на ЕУ за финансискиот пакет од 90 милијарди евра
-

Алармантно загадување: Активирани мерки поради високи концентрации на PM10 во Скопје
-

Радев соопшти дека мандатот за формирање нова влада на Бугарија ќе го даде по Нова Година
-

Тошковски на симулациска показна вежба за повреди предизвикани од петарди
-

Почина поранешниот норвешки селектор Оге Хајреде
-

Уапсен тетовец, возел со 1,90 промили алкохол во крвта
-

Москва: Правото и здравиот разум надвладеаја во договорот на ЕУ за Украина
-

Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово со измерени -4
