Нов голем грабеж кај аеродромот во Тирана
По третпат за нешто повеќе од една година,вооржен грабеж се случи непоредно пред меѓнародниот аеродром во Тирана.
Како што јави допсиникот на МИА, неофицијално се споменува кражба на сума од еден милиони евра банкарски средства, кои требало да бидат транспортирани за Виена.
Возилото со кое биле пренесувани парите прво било удрено од возилото во кое се наоѓале крадците, кои потоа со тврди предмети ги искршиле прозорците на комбито, го претепале обезбедвањето и ги украле десетте вреќи со пари.
Во грабежот учествувале најмалку пет маскирани и вооружени лица.
Во декември 2015 година на истиот пат беа украдени 3,5 милиони евра. Овој случај беше затворен со пресуда за шест лица од приватно обезбедвање за злопотреба на службената положба, додека за грабежот се товарат пет лица кои се уште не се идентификувани.
Друг грабеж е оној во кој од внатрешниот простор на аеродромот беа украдени 900 илјади евра. И за овој случај уапсени беа повеќе лица од агенцијата за обезбедување, како и од аеродромското обезбедвање. По едно лице се уште се трага.
Ново на Сител
-
Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск
-
Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина
-
Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Трамп не ја исклучува можноста за средба со Зеленски за време на погребот на папата
-
Повредениот во престрелката на Бит Пазар подлегнал на повредите
-
Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
-
Трамп: Преговорите напредуваат, но ситуацијата е многу кревка